Збунувачки и нејасни се новите предлог- владини мерки кои треба да стапат на сила од 16-ти август и за граѓаните и за угостителите. Од следниот понеделник, целосна забрана за работа ќе имаат внатрешните делови на угостителските објекти, а терасите ќе може да примаат само вакцинирани гости. За проверка дали гостинот има вакцинален сертификат ќе треба да си постават редарски служби.
– Значи секој граѓанин кој сака да посети угостителски објекти мора да биде вакциниран и да има сертификат за вакцина. Останатите мерки си останува да си важат, како што е четвротица на една маса и дистанца. За непочитување на оваа мерка граѓаните нема да бидат казнети, ќе се казнуваат угостителските објекти. Значи ако сакате да одите по кафулиња, вакцинирајте се. Секој што сака да посетува угостителски објект треба да има потврда за вакцинација. Ова важи доколку во објектот има над 30 гости. До 30 гости во моментов не важи оваа мерка. Ако бројот на гостите е под 30 угостителскиот објект нема обврска да има редарска служба, рече министерот Бектеши.
На почетокот редарот нема да оди и да бара сертификат од гостите, вели Бектеши туку на влезот на менаџерите или на сопствениците на угостителските објекти ќе треба да им се покаже сертификатот, а државниот пазарен инспекторат ќе врши контроли дали тоа се почитува или не.
Кај угостителите ова создаде многу небулози. Од независната угостителска комора велат новите владини мерки во моментов не можат да се функционираат бидејќи се двосмислени.
Проблемот ќе настане не само во проверката на гостите туку и во проверката на инспекциските служби, кои со законските прописи немаат надлежност да вршат проверка на гостите и идентификација дали се вакцинирани или не. Со што сметам дека доколку не се избработи или не се укине оваа предложена мерка ќе настане голем хаос во смисол на начинот на посета на угостителските објекти, со што ќе се оневозможи нормалното функцционирање на самите угостители вели Јосифовски од НУК.
Освен потврдата за вакцинација ние ќе мораме да бараме и документ за лична идентификација, бидејќи фотографија нема на сертификатот, а тоа е спротивно од законот за заштита на лични податоци велат од комората. Ако овие мерки стапат на сила, тогаш зошто не би фукнцинирале и внатрешните делови на угостителските објекти прашуваат од НУК.
Во меѓувреме доколку повторно ескалира состојбата со ковид-19 и повторно им биде ставен клуч на угостителскиот сектор, сопствениците очекуваат 7-ми пакет мерки, за што Бектеши тврди дека владата има план.