Ние ќе ги земеме во предвид сите трошоци кои ги имаат производителите и ќе направиме анализа да се укинат одредени давачки кои влијаат на дополнително на крајните цени. Овие трошоци учествуваат со 25% во крајната цена на производите“, рече Бектеши во вечерашното гостување на Телма.
„Сите тие производи или 80% од овие производи кои беа во првичната одлука ќе донесеме за нив мерка во делот на трговијата и начинот на вршење на трговија со тие производи почнувајќи од увозот ако одреден производ не се епроизведува во Северна Македонија, од влезните фактури од трошоците што ги има. Ако една компанија произведува само еден производ секако дека има за тој производ поголеми оперативни трошоци, ако има поголема гама на производи треба да ги распредели трошоците на сите производи. А за тие произведители кои ги произведуваат овие производи за нив ќе има различна мерка каде ќе се земат во предвид импутите кои ги имаат , кога велам импутот мислам на берзанските цени кои се на сончоглед на пченица или на други суровини, соглесно тие анализи тие ја утврдуваат цената, а ние имаме можност како Министерство за економија и како Влада да укинеме одредени трошоци кои во моментот ги имаат,“ кажа Бектеши.
Овие мерки како што кажа министерот веќе се превземени еднаш, а се искуства и од Европските земји, а најверојатно ќе се донесат следната недела.
„Имаме ланци на супермаркети кои имаат различни промоциии и политики на утврдување на цени во нивните маркети. За еден производ има различни трошоци и за производителот и за увозникот на тој производ. Тоа се политики кои ги имаат ланците на маркети. Ние мислиме дека во вакво време такви дополнителни трошоци кои влијаат во цената и на производителио и на увозникот да бидат укинати, а тие трошоци се движат од 5% до 25% во крајната цена на производите” кажа Бектеши.
Министерот потенцираше дека изминатите неколку денови преку интензивна консултација со сите засегнати страни, со трговците на големо и мало, со производителите на основните прехранбени производи, како и со сите надлежни институции во делот на контрола на пазарот се разгледуваа сите фактори кои влијаат на зголемување на цените на основните прехранбени производи и кои се очекувањата за наредниот период.
„Да цените на основните прехранбени производи се зголемени како резултат на тоа што мерките кои ги донесовме како што беше замрзнување на маржите и намаленото ДДВ престанаа да важат, но одредени трговци со цел да профитираат ставија нереални маржи на овие производи. Не е дозволиво во вакво време одредени трговци да ставаат големи профитни маржи како пред кризата ” кажа Бектеши.
Министерот Бкетеши информираше дека има предлог од Стопанската комора на Македонија во делот на ограничување на профитните маржи кај основните прехранбени производи во рамка од 5% до 10%.
„Утврдивме дека различни маркети низ државата ставаат различни профитни маржи на производите.Но, ние отворено кажавме дека неможе во време на војна да се прават истите профити кои се правеле минатата година. Како што ние го ревидираме нашиот Буџет така и тие треба да ги ревидираат своите очекувања и планови кои ги имале за оваа година„ кажа министерот.
Според министерот во отворена пазарна економија било какви мерки кои владата ги воведува за контрола на зголемувањето на цените, можат да имаат само привремен карактер.
“Врз отворена пазарна економија влијаат повеќе надворешни фактори и одредени влијанија од ЕУ се прелеваат и кај нас, а изминативе неколку месеци особено влијание има војната во Украина. Но, одредена одговорност за покачувањето на цените мораат да сносат и самите трговци’ кажа министерот.