Поранешниот министер за економија, Крешник Бектеши е повикан на информативен разговор во полициската станица Карпош. Во моментов ексминистерот од редовите на ДУИ се наоѓа во полициска станица.

Министерот Тошковски и премиерот Мицкоски објавија дека дискотеката „Пулс“ во Кочани работела со фалсификувана лиценца издадена во времето на Крешник Бектеши од ДУИ, иако не ги исполнувала условите за работа и претходно, во неколку наврати била одбивана за таков тип на дозвола.