Кога американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека му е жал за воведувањето повисоки царини за Кина, тој сакаше да каже дека му е жал што не наметнал повисоки царини, соопшти Белата куќа.
Трамп претходно на новинарско прашање дали се предомислува за царините одговори потврдно.
Портпаролката на Белата куќа, Стефани Гришам, сепак, објасни дека станува збор за недоразбирање.
– Неговиот одговор е многу погрешно разбран. Претседателот Трамп потврдно одговори поради тоа што жали што не наметнал уште повисоки царини, рече таа.