Американскиот претседател Џо Бајден ќе присуствува на неговиот прв состанок со лидерите на Г-7 в петок (19 февруари).
Состанокот ќе биде виртуелен и ќе се разговара за пандемијата на коронавирусот и светската економија, соопшти Белата куќа.
„Виртуелната средба со лидерите на водечките демократски пазарни економии ќе му овозможи на претседателот Бајден да разговара за плановите за справување со пандемијата со Ковид-19 и за обнова на глобалната економија“, се вели во соопштението на Белата куќа.