Во четвртокот Трамп присуствуваше на состанок каде што беше објавено дека цените на популарните лекови за слабеење се намалуваат, а во некои моменти очите му беа затворени, а потоа ги протри очите, по што следеа бројни критики од неговите противници.

Портпаролот на Белата куќа Тејлор Роџерс за Си-ен-ен изјави дека Трамп не спиел, туку постојано зборувал и одговарал на многу прашања на новинарите.

„Претседателот објави историско намалување на цената на два лека кои им помагаат на Американците кои се борат со дијабетес, срцеви заболувања, дебелина и други состојби. Тоа ќе заштеди значително количество пари и ќе спаси безброј американски животи, но неуспешните, либерални медиуми сакаа да промовираат лош наратив наместо да известуваат за тоа“, кажа Роџерс.

Прашањата за здравјето на Трамп се поставуваат уште од неговото преземање на функцијата како најстариот инаугуриран претседател досега. Минатиот месец, 79-годишниот претседател објави дека имал магнетна резонанца во Националниот воено-медицински центар Волтер Рид, но не кажа зошто.

Ова лето Белата куќа објави дека лекари го прегледале Трамп за оток на нозете и утврдиле дека има хронична венска инсуфициенција.