Американскиот претседател Доналд Трамп не го повикал украинскиот претседател Володимир Зеленски да ги нападне Москва и Санкт Петербург, спротивно на написот во „Фајненшл тајмс“, изјави денеска портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит.
„Фајненшл тајмс е познат по тоа што ги вади зборовите од контекст за да добие повеќе прегледи додека нивниот весник умира. Претседателот Трамп само постави прашање, тој не охрабри понатамошни убиства“, изјави Ливит за Фокс њуз.
Таа истакна дека Трамп „неуморно работи“ за да го заврши конфликтот во Украина.