Белата куќа одговори со допис на тужбата на Си-Ен-Ен против администрацијата на Трамп нагласувајќи дека новинарот нема уставно право на пристап до Кабинетот на американскиот претседател.
Во дописот пишува дека претседателот и неговиот персонал имаат „апсолутно дискрециско право“ во поглед на пристапот на новинарот и интервјуа. Нивниот допис е испратен истиот ден кога многубројни други медиумски органзиации, меѓу кои и Фокс Њуз, објавија поддршка за Си-Ен-Ен.
На новинарот на Си-Ен-Ен, Џим Акоста му е доземена акредитацијата по бурнна вербална расправа со претседателот Трамп.
Си-Ен-Ен покрена тужба против претседателот и неколку негови помошници.
Спротивно на тужбите, во дописот се тврди дека „ниту еден новинар нема право според Првиот амандман да влезе во Белата куќа“. Се додава дека Акоста истиот ден добил известување за причната за забрана поради „прекршување новинарски правила“.