Американскиот претседател Доналд Трамп го испраќа во Пакистан својот преговарачки тим предводен од потпретседателот Џеј-Ди Венс, со цел финализирање на договорот според кој Техеран треба да ги предаде резервите од збогатен ураниум.
Портпаролката на Белата куќа, Каролин Левит, соопшти дека првиот круг преговори ќе се одржи в сабота, а во тимот се вклучени и специјалниот пратеник Стив Виткоф и Џаред Кушнер.
Левит нагласи дека Трамп ќе го држи Иран одговорен за тоа Ормуската Теснина да остане постојано отворена, притоа изразувајќи противење за какви било такси за премин.
Левит, исто така, подвлече дека Техеран повеќе нема да може да ги снабдува со оружје своите прокси-организации. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху веќе му изразил поддршка на Трамп за ваквиот пристап.




