Вашингтон не сака ситуацијата во Украина да ескалира во конфликт меѓу Русија и САД, изјави координаторот за стратешки комуникации на Белата куќа Џон Кирби.

– Она што најмалку го сакаме е ескалација на конфликтот во Украина до ниво да се претвори во конфликт меѓу САД и Русија – изјави Кирби за Си-Ен-Ен.

Да потсетиме, претходно Министерството за одбрана на Русија објави дека американскиот дрон MKју-9 паднал во Црното Море при остри маневрирање.

Руските ловци кои биле подигнати за пресретнување не биле во контакт со него, ниту го користеле своето оружје,пренесе Новости.рс.