САД ќе ја постигнат целта на претседателот Џо Бајден да бидат аплицирани  200 милиони дози вакцини против коронавирус во рамките на неговите први 100 дена на функцијата до крајот на оваа недела, соопшти извор од Белата куќа.

Бајден ќе одржи говор подоцна во текот на денот во кој ќе „нагласи дека САД ќе аплицираат над 200 милиони вакцини оваа недела“, изјави претставник на Белата куќа кој побара да остане анонимен.