Долгоочекуваниот телефонски разговор меѓу Доналд Трамп и Владимир Путин „тече добро и се уште трае“, напиша денеска на платформата „Х“, Ден Скавино, близок советник на американскиот претседател.
Tрамп отиде во Овалната соба на разговор кој може да биде клучен за продолжување на решавањето на конфликтот во Украина.
Разговорот започна во 10:00 часот по Вашингтон (14:00 GMT), додаде Скавино.