Јана Белчева, која до лани беше претседавач на општинскиот Совет, од понеделник ќе собира потписи за независна советничка листа „Шанса за Центар“

Јана Белчева Андреевска, која околу 2, 5 години претседаваше со Советот на Центар, пред да си даде оставка, на овие избори ќе се обиде да обезбеди нов советнички мандат како носителка на независна листа на граѓанската иницијатива „Шанса за Центар“.

На минатите локални избори во 2017 година, Белчева, како граѓанска активистка, беше носителка на советничката листа на СДСМ во Центар, по што беше избрана и за претседавач на Советот на општината, за во мај минатата година да поднесе оставка, главно, поради несогласувања со градоначалникот Богдановиќ.