Уште двајца европратеници уапсени поради вмешаност во корупцискиот скандал во Европскиот Парламент.
Белгиската полиција го привела пратеникот Марк Тарабела под сомневање за мито, корупција и перење на пари.
Во исто време, италијанските карабинери го привеле пратеникот Андреа Коцолино во рамки на истрагата поврзана со скандалот со корупција и начините на кои Катар и Мароко купувале влијание во Европската Унија.
Кон крајот на минатата година, беше уапсена поранешната потпретседателка на парламентот, Ева Каили.