Фудбалската федерација на Белгија (РБФА) соопшти денеска ќе ги суспендира аматерските натпреварувања во земјата поради пандемијата на коронавирус.
Натпреварувањата во професионалните лиги и во белгискиот Куп ќе продолжат без присуство на публика, а на аматерските екипи кои се натпреваруваат во националниот Куп ќе им бидат издадени посебни дозволи.
РБФА соопшти дека на аматерско ниво ќе бидат дозволени натпревари само на играчи на возраст до 12 години.
Во соопштението на РБФА се истакнува дека финансиските последици од пандемијата се „огромни“ и оти Федерацијата досега од својата каса издвоила осум милиони евра како помош за клубовите.
Белгија е тешко погодена од пандемијата со речиси 20.000 смртни случаи како последица на коронавирусот.