Полициски службеници спроведоа рации во седум држави во Европа, откако белгиски обвинители побараа истрага за измами и местење фудбалски натпревари. Вкупно 220 полицајци спровеле 44 претреси низ Белгија, како и во Франција, Луксембург, Кипар, Црна Гора, Србија и Македонија, соопштија белгиските обвинители. – Голем број лица се лишени од слобода и се преземаат акции за целосно расчитување на случајот, се вели во соопштението.
Белгиската полиција го приведе српскиот фудбалски менаџер Дејан Вељковиќ заедно со тренерот на Клуб Бриж, Иван Леко, поради сомневање за местење натпревари, перење пари и корупција. Белгики медиуми јавија дека во операцијата Чиста рака,главни осомничени се Моѓи Бојат и Вељковиќ.Меѓу другите се поранешниот тренер на Андерлехт, Херман ван Холсбек и судиите Себастијан Делферир и Барт Вертентен. Полицијата гипретресува клупските протории на Клуб Бриж и Андерлехт.