По стабилниот и охрабрувачки период за Белгија, бројот на новозаразени повторно почна да расте изминатата недела, информира Институтот за јавно здравје на државата.

Бројот на новозаразени се зголемил за 24 отсто меѓу 16 и 22 февруари и покрај тоа што се направени девет отсто помалку тестови во истиот период.

Се зголемува и бројот на хоспитализирани со просек од 125,6 отсто, што претставува раст од четири отсто во периодот помеѓу 19 и 25 февруари, а за два отсто е зголемен и бројот на кревети на интензивна нега. Единствена позитивна точка е намалувањето на бројот на починати кој е намалил за 30 отсто.

Стапката на репродукција на вирусот исто така загрижува бидејќи за прв после повеќе месеци надминува еден отсто и изнесува 1,03 отсто. Зголемена е и стапката на позитивност, односно стапката на позитивни тестови, за 1,3 отсто.

Во меѓувреме само три отсто од населението примило две дози од вакцината, центарот за вакцинација останува празен со денови.