Во август стапката на инфлација во Белгија достигна 9,94 отсто, што е невидена состојба од 1976 година, јави дописничката на МИА од Брисел.
Информацијата ја соопштија белгиските власти утрово.
Инфлацијата во најголем дел се должи на високата цена на енергенсите.
Со 9,94 отсто во август и 9,62 отсто во јули, Белгија се ближи до 10 отсто инфлација во услови на енергетска криза и најавени социјални движења на синдикатите, национален протест и генерален штрајк во текот на есента.
Енергијата годинава е двојно поскапа во споредба со претходната, информираат властите. Поскапени се повеќе прехранбени производи, пред сѐ зејтинот, рибата, млечните производи, житариците и месото.
Најголем скок на цените има кај лебот, струјата, природниот гас, алиштата, бонбоните, хотелите, алкохолот, месото и козметичките производи.