Белгиското сојузно државно обвинителство соопшти дека е пронајдена и запленета рекордна количина од 11,5 тони чист кокаин во контејнер од Гвајана.

Стоката е запленета во пристаништето Антверпен и е наменета за Холандија, а откако била откриена, веднаш била уништена.

Се проценува дека пазарната вредност на кокаинот е околу 900 милиони евра.

Дрогата е откриена во рамките на истрага на белгиското правосудство отворена кон крајот на 2019 година по заплената на 2,8 тони кокаин.

Истрагата овозможи разбивање на добро организирана меѓународна криминална организација за која постои сомневање дека редовно доставувала големи количини кокаин од Јужна Америка во Белгија.