Белгискиот град Бриж апелираше до туристите да престанат да крадат калдрма од неговите средновековни улици, кои се дел од светското наследство на УНЕСКО.

Белгискиот политичар Френки Демонт вели дека се проценува дека месечно исчезнуваат од 50 до 70 парчиња калдрма, а уште повеќе во текот на шпицот на сезоната, додека замената и поправката чинат 200 евра по квадратен метар, објавува CNN.

„Иако некои можеби ќе го сметаат ова за безопасно или чудно, последиците се сериозни“, рече Демон.

Според него, отстранувањето на калдрмата претставува јасен безбедносен ризик и за жителите и за посетителите, и поради опасноста од повреди при сопнување и поради честите поправки. Демон рече дека еден „сторител“ очигледно дури и одвоил време да го замени исчезнатиот камен со цвет.

„Чуден гест, но го истакнува недостатокот на почит кон нашето заедничко наследство“, рече тој. Според него, Бриж едноставно бара почит.

„Прошетката низ Бриж значи чекорење низ векови историја. Оваа калдрма не се само парчиња камен – тие се дел од душата на нашиот град. Ги покануваме посетителите да уживаат во Бриж, но да ја остават неговата убавина недопрена за другите“, рече Демон.