Досегашните пратеници во Федералниот парламент на Белгија и во парламентите на трите административни региони на државата кои загубија на изборите на 9 јуни и не добија нов мандат ќе бидат обесштетени, како што предвидува законската регулатива. Дел од отштетата ќе биде за стотици илјади евра, објавија локалните медиуми.

Законот предвидува во случај на пораз на избори да се исплати надоместок од две плати за секоја од годините поминати во Парламентот (федерален или регионален). Месечниот надоместок на федералниот пратеник е 10.563 евра пред оданочување, а во регионалните парламенти на Брисел и Валонија достигнува 11.508 евра. Така, пратеник кој работел, на пример, еден мандат во последните пет години, ќе добие од 126.756 евра до 138.096 евра бруто.

Конкретни примери се дадени со сојузен пратеник кој со својот 17- годишен пратенички стаж и по поразот на последните избори ќе добие 359.142 евра. Неговиот колега од Парламентот на Валонија ќе земе 265.632 евра, оваа сума е таканаречениот плафон за компензација за пратениците во јужниот белгиски регион.

Рекордер во овој поглед по се изгледа е актуелниот претседател на Сенатот, кој по 31 година работа заминува и ќе добие повеќе од половина милион евра.

Медиумите забележуваат дека пратениците во заминување имаат право да одбијат обесштетување.