Белграѓанецот С.Б. (50) е уапсен откако му се заканил дека ќе го убие американскиот амбасадор во Србија, Кристофер Хил.
По наредба на Вишото јавно обвинителство во Белград, му е одредена мерка притвор во полиција до 48 часа, потврдија за „Телеграф.рс“.
Уапсениот на „Фејсбук“ објавил дека „Време е за уште еден истрел од Гаврило Принцип точно во главата на окупаторот Кристофер Хил…“
Осомничениот се товари дека сторил кривично дело загрозување на лице под меѓународна заштита.