Поминаа повеќе од еден месец од позитивниот тест на Руди Гобер на коронавирус што предизвика сезоната на НБА да заврши, но нападите врз него сè уште не престанаа.
Бекот на Сан Антонио Спарс, Марко Белинели, го нарече однесувањето на Гобер „грозно“.
– Беше ужасно. Претпочитам да не споделам повеќе затоа што не сакам да кажувам работи што изгледаат навредливи или премногу сериозни, но беше ужасно рече Белинели за „Кориере Дела Сера“.
Гобер се потсмеваше со епидемијата и ги фати сите микрофони, откако заврши со тренигот на неговиот тим во Јута.
Покрај тоа, неговите соиграчи рекоа дека францускиот репрезентативец се однесувал исклучително слободно во соблекувалната на тимот, што довело до заразување на неговиот соиграч Донован Мичел.
За среќа, и двајцата се излечија.