По повод одбележувањето на 76 години од егзодусот на Македонците од Егејскиот дел на Македонија, денеска во Скопје ќе се одржат „Беломорски видувања“.
Како што соопштуваат од Здружението на Македонците по потекло од Егејот, на настанот ќе присуствуваат околу петстотини гости, меѓу кои и претставници на Владата, Македонската академија на науките и уметностите, Македонската православна црква, градоначалници од повеќе општини, претставници на политички партии и здруженија, како и естрадни уметници.
Фото: МИА архива