Белорусија во јуни и во јули ќе спроведе воени мобилизациски вежби во близина на украинската граница, објави белоруската новинска агенција БелТА.
Вежбите ќе се одржат во регионот Гомел, што граничи со зоната на исклучување околу местото на катастрофата во Чернобил. На исток се граничи со Русија.
Белорусија во март соопшти дека нејзините вооружени сили не учествуваат во војната во Украина, но служеле како платформа за Русија да испрати илјадници војници преку границата.