Белорускиот опозициски лидер Виктор Бабарико, кој планираше да учествува на претседателските избори во август 2020 година против Александар Лукашенко, но беше уапсен неколку недели претходно, денеска е осуден на 14 години затвор поради корупција.
– Виктор Бабарико е осуден на 14 години затвор, а казната ќе ја издржува в затвор со зголемена безбедност, објавија приврзаниците на опозицијата на Твитер.
Бабарико е осуден за примање поткуп и перење пари, објави белоруската невладина организација Вјасна, повикувајќи се на пресудата на Врховниот суд.
Бидејќи пресудата беше изречена од Врховниот суд, на Бабарико не му е дозволено да поднесе жалба.