Актерот Бен Афлек работел за ЦИА, откриваат неговите приватни мејлови, кои ги испратил во ЦИА во кои им се заблагодарува за дозволата да ја сними шпионската драма „Арго“.
Филмот е снимен според вистинска операција на ЦИА во Иран, за време на револуцијата во 1979 година. Тој покажува колку глумецот добро се покажал како режисер, но, исто така се открија и блиските врски со агенцијата.
На крајот на 2012 година, Афлек бил на промотивна турнеја, каде зборувал за филмот. Потоа во јавноста почнаа да се шират теми за поврзаноста меѓу Холивуд и ЦИА.
„Веројатно Холивуд е полн со агенти на ЦИА, но, тоа сè уште не го знаеме“, рече Афлек тогаш во едно од своите интервју, но, на прашањето на новинарот дали тој работи за ЦИА, глумецот на шега одговорил потврдно. „Да, сега ме откривте“, рече Афлек.
Ben Affleck: “I look forward to returning to headquarters again soon.” https://t.co/00H0Mdxj4n
— Geopolitics & Empire (@Geopolitics_Emp) June 22, 2021
Иако изгледаше како да се шегува, британскиот новинар Том Секер понудил опширна анализа која покажува дека Афлек навистина бил близок соработник на ЦИА.
Како што вели Секер, идејата во филмот „Агро“, била персоналот во амбасадата да се маскира во филмска екипа, а филмот зборувал за извлекување на неколку работници од американската амбасада од Иран за време на револуцијата.
Афлек го играл Тони Мендез, поранешен оперативец на ЦИА, а пред самото снимање, тие се сретнале неколку пати во просториите на оваа известувачка служба.
Глумецот разговарал за филмот со тамошните високи официјални лица, а мејловите покажале дека службата сакала да развие близок однос со филмаџиите кои работеле на тој проект.
По бројните средби и тури, глумецот добил дозвола за снимање во Ленгли.
„Ова е сјајно. Многу ви благодарам. Во овој момент сум многу возбуден. Ве молам да ми кажете што можам да направам. Ќе ја направиме агенцијата горда. Ви ветувам“, напишал тогаш на својот мејл Афлек, кога дознал дека добил зелено светло за снимање.
Брајан Кренстон, кој исто така играл во филмот, се потсетил на атмосферата.
„Додека се снимаше филмот беа спроведени највисоките безбедносни мерки и кога велам највисоки, навистина тоа го мислам. Еднаш ми пријдоа двајца агенти и кога ги прашав дали сè е во ред, тие ми рекоа дека во џебот имам телефон „Самсунг“. Бев изненаден што ја знеа марката на телефонот“, изјавил Кренстон, кој додека снимале вели дека насекаде околу нив имало агенти кои ги скенирале и ги обезбедувале ходниците.
Се разбира тоа не е единствениот пример за блиска соработка на американските известувачки служби и Холивуд, а благодарение на тоа и филмот „Арго“ имше голем успех, не само на благајните, туку освои и неколку Оскари.
„Тоа што му дозволија на Афлек да снима тука, беше најдобрата идеја која некогаш сме ја имале“, напишале од ЦИА на нивниот официјален „Твитер“ профил, во 2014 година.
Во меѓувреме, околу 34% од испитаниците во една студија, изјавиле дека филмот допринел луѓето да стекнат позитивно мислење за ЦИА, заклучува новинарот Секер.
„Арго“ не бил првиот проект на Афлек кој го поврзувал со ЦИА, затоа што тој веќе го глумел Џек Рајан во филмот „Сите наши стравови“. Како што стои во забелешките на продукцијата, Афлек неколку пати го посетил седиштето на ЦИА во Ленгли, во Вирџинија.
„Мислам дека Бен сакаше да ја почувствува атмосферата од тоа место. ЦИА е важно место и мислам дека Бен го собра најдоброто од таму за време на неговата посета“, изјавил Чејс Брендон, некогашната врска меѓу Холивуд и агенцијата.
Исто така, поранешната сопруга на Афлек, Џенифер Гарнер, глумела во серијата Alias, која исто така се занимаваше со шпионски теми, а глумицата се појави и во реклама за регрутирање во редовите на ЦИА. Токму неа Брендон ја врбувше да игра во споменатата серија.
ЦИА неодамна објави документи од најмалку 200 страници кои покажуваат блиски врски со агенцијата и луѓе кои работеле на „Арго“.