Францускиот фудбалер Хатем Бен Арфа побара 8 милиони евра компензација од ПСЖ поради тоа што не добил можност да игра во последните 15 месеци од договорот со клубот.

Адвокатот на фудбалерот, Жан-Жак Бертран изјави дека веќе поднел тужба во судот кој се занимава со трудово право во Париз.

Бертран објасни дека договорот на Бен Арфа бил врзан со сериозни бонуси за учество, а недостатокот на минути на теренот ја смалило значително неговата плата. Во неговата жалба тој исто така вели дека работниот однос на Пари Сен Жермен кон неговиот клиент бил понижувачки.

Бен Арфа го засили ПСЖ во 2016 година, но откако постигна два гола во четвртфиналето на Купот на Франција во април 2017 година тој не играш до крајот на договорот во јуни 2018 година и пропушти речиси 70 натпревари.