МОН не обезбедиле учебници за секој предмет. Комисијата утврдила факти врз нивните податоци. Овој проблем не е само оваа година, но овој министер имаше повеќе од четири месеци и начин да ги исполни препораките. Сега гледаме забрзано дека секој ден изјавува како се обезбедени за нов предмет, вели претседателката на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, Весна Бендевска за тужбата кон МОН поради недостигот на учебници.
Како вели, нивната препорака била кратка и децидна – обезбедете учебници за секој учебник по секој предмет до 31 август.
-Го обезбедивме документот и има архивски број. Од вкупно 123 учебници, 43 недостигаат. Тоа е огромна нееднаквост и дискриминацијата зафаќа илјадници учебници. Комисијата постапуваше согласно законските овластувања. И органите во составот на Министерството, сите се инволвирани во креирањето на обезбедувањето на учебници, рече Бендевска во емисијата „Топ тема“, нагласувајќи дека ова е првпат во историјата една државна институција да тужи друга.
-Ние препорачуваме како да се обезбеди правото на еднаквост за секого, посочи Бендевска.
Комисијата, нагласи Бендевска, работи на неколку случаи на структурна дискриминација, односно кога е зафатена голема популација, како што е недостигот на учебници и необезбедувањето бесплатен превоз на студентите и средношколците од приватните гимназии и факултети.