Поранешниот израелски премиер Нафтали Бенет, кој накратко посредуваше меѓу конфликтните страни на самиот почеток на руската војна со Украина, денеска изјави дека еднаш добил ветување од рускиот лидер Владимир Путин дека украинскиот претседател Володимир Зеленски нема да биде ликвидиран.
Во петчасовното интервју, во кое се осврна на многу други теми, Бенет рече дека го прашал Путин дали има намера да го убие украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Поранешниот израелски премиер потврди дека по разговорот со Путин му се јавил на Зеленски за да го информира за ветувањето на рускиот претседател.
„Слушај, штотуку го завршив состанокот со Путин кој ми рече дека нема да те убие. Зеленски ме праша дали сум сигурен, а јас му реков дека сум 100 отсто сигурен дека нема да го убие“, рече Бенет.