Напаѓачот на Реал Мадрид, Карим Бензема се навикнува на својата нова улога како најдобар стрелец.
– Сега сум лидер во нападот, а претходно бев во служба на Кристијано. Секогаш се обидував да му помогнам да постигне повеќе голови. Тогаш бев во втор план. Сега зависи од мене да покажам дека можам да бележам, изјави францускиот стрелец во интервју за „Франс фудбал“, цитиран од „Марка“.
Насловот на интервјуто, од кое излезе мал дел, е „Го сакам мојот живот“.
– Чувствувам дека сега сум во форма и летам, вели Бенема