Регулаторната комисија за енергетика денеска донесе одлука за цените на горивата кои ќе важат од полноќ.

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалуваат за 1,00
ден/лит, малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за 0,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менува.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,986 ден/кг и ќе изнесува 53,305 ден/кг.

Ова се цените на горивата кои ќе важат од полноќ:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 109,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 111,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 109,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 107,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 53,305 (денари/килограм)