„Внесувањето на бугарското малцинство во вашиот Устав е неопходен чекор за да се продолжи пристапниот процес во ЕУ“, порача германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок по средбата со шефот на македонсксата дипломатија Тимчо Муцунски во Берлин. На заедничката прес-конференција по средбата, Бербок кажа дека се залага за укинување на принципот на едногласност во ЕУ, особено во делот на проширувањето, но додека такво нешто не се случи остануваат да важат истите правила на игра како и досега. Бербок изрази надеж дека пробив може да се случи на тој план по парламентарните избори во Бугарија кои ќе се одржат на 27 октомври.

-Такви се правилата засега имаме едногласно одлучување и тоа можеби се чувствува како неправда бидејќи ние можеби не ги делиме истите мислењаа како некои други и јас лично се залагам за тоа тие правила да ги испочитуваме. Овој чекор за промена на уставот е дека може да се изоди тој чекор за внесувањена малцинствата кој е основа вредност за правната држава во ЕУ за тој чекор е натаму потребен и нема да може да се продолжи со пристапниот процес…. Најважните интеграциски процеси се кога политичкки одговорните имаат храброст да настапат и против тоа што е јавнот мнение и ние заедно можеме прашањта кои се отоврени меѓу Македонија и Бугарија да ги поттикнеме, изјави Аналена Бербок.

Министерот Муцунски пак истакна дека Германија е силен поддржувач на евроинтеграциите на земјите од Западниот Балкан и земја која се залага за елиминирање на билатеризација на напредокот на земјите. Тој кажа дека Македонија во минатото направила многубројни компромиси во евроитнергртаивниот пат и порача дека во перидоот што следи треба да бидеме внимателни со оглед дека нашиот источен сосед е во предизборие.

-Ние сме свесни од потребата од компромис за да ја движиме државата напред но исто така укажуваме дека сме држава која повеќе оид 30 години постојано прави комоприомиси, но и постојано се соочува со неизвесност кон европскиот пат и затоа во следниот период мора да сме многу внимателни. Јасно ни е на сите дека најгоолемиот поредизвик е тој со бугарија. Во моментот во соседна бугарија има избори, многу треб ада см енвимателни да не се вовлечеме во тој изборен процес и да станеме главна тема кој апонатаму ќе биде пречка за изнаоѓање решенија. Во меѓувреме да бидеме проактивни да нудиме решенија и да нудиме предлози… и да се надеваме дека по изборите во бубгарија ќе се формира политичка влада и со таа влада да најдеме рацинални решенија за идниата на региониот, изјави Муцунски.