Чехот Томаш Бердих го откажа учеството на турнирот во Оукленд следната недела, откако стигна до финалето во Доха, каде што денеска ќе се соочи со Шпанецот Роберто Баутиста Агут.
Баутиста Агут вчера го совлада светскиот рекер бр.1 Новак Ѓоковиќ во полуфиналето.
Бердих, кој учествува на турнирот со „вајлд карта“, се справи во два сета против Марко Чекинато (Италија) со 7:6 (6), 6:3.
Чехот, кој во моментов е бр.71 на светската АТП листа, губеше со 2:4 во првиот сет, но стигна до тајбрејк и го освои, а во вториот сет поведе со 3:0 и на крајот не му остави шанси за пресврт на противникот.