Бериша му поднел тужба на Блинкен пред париски суд

/ 05.08.2021

Поранешниот албански премиер Сали Бериша, кој претходно бил на „црната листа“ на САД, поднел тужба до парискиот суд против американскиот државен секретар Ентони Блинкен.

Бериша денеска изјавил дека тужбата е поднесена во негово име од адвокат што го ангажирал откако Блинкен одлучил да го „прогласи за персона“ нон грата ”и по дезинформациите на Сорос“, пренесува приштинска Коха.

Поранешниот албански премиер Сали Бериша рече дека неговиот адвокат поднел тужба до парискиот суд, што се базира на претходните преседани и на универзалниот принцип дека „нема имунитет за клевета“.


Од истата категорија