Томас Халденванг, шеф на Федералната канцеларија за заштита на германскиот устав (контраразузнавање), тврди дека руската разузнавачка активност во земјата го достигнала нивото од Студената војна.

– Забележуваме дека Русија значително ја зголеми својата активност, рече тој во интервју за „Велт ам Зонтаг“.

– Нивото на активност го достигна рамништето од периодот на Студената војна, рече Халденванг.

– Методите на Москва, рече тој, станаа „погруби, а средствата побрутални“.

Халденванг потсетува на убиството на грузиски државјанин во Берлин во 2019 година, за кое Германија се сомнева дека е вмешана Русија, иако Москва повеќепати ја негираше оваа можност.

Халденванг смета дека најсериозната закана за демократијата и безбедноста на Германија е, пред сè, десничарскиот екстремизам. Специјалните служби на земјата се загрижени дека радикалните елементи се повеќе ги пропагираат своите ставови на Интернет.