Новиот селектор на кошаркарската репрезентација на Македонија Жозеп Мариа Берокал, дебитираше со победа.

Во Скопје совладан е Луксембург триумф со кој се направи голем чекор напред кон следната фаза од квалификациите за Евробаскетот во 2029 година.

„Секоја победа е важна. Не смее да заборавиме дека заедно сме четири дена. Видов некои добри работи, имавме добра одбрана, но не бевме константни 40 минути. Немавме доволно време да се подготвиме најдобро за овој меч, ама фокусот е на следниот. Сакам да видам добра одбрана, мора да сме среќни што победивме, без разлика на ривалот. Има простор да се подобриме“, изјави Берокал.

Кошаркарите за три дена гостуваат кај Азербејџан, а овој прозорец ќе се заврши со домашен дуел против Ирска.