Беса се приклучува на дел од незадоволните поранешни сопартијци од чаирскиот огранок на Алтернатива.
Тие бараат министерот за здравство Беким Сали да поднесе оставка доколку не сака да ја понесе целата одговорност за колапсот во здравството и бројните скандали со тендери и директорски позиции и манипулации.
Министерот за здравство Сали без коментар за барањата за оставка. Денеска зборуваше за проблемите на Клинички.
Поранешниот шеф на кабинет на Сали и член на Централното претседателство Меритон Цивули, побара разрешување на министерот поради неизвршување на партиската програма, односно вработување Албанци во здравството.
И незадоволните членови на огранокот од Чаир се жалат дека Сали не именувал двајца директори на универзитетските клиники од партијата Алтернатива, а според нив, и директорот на Фондот за здравство требало да биде од Алтернатива. Сали пак, рече дека не сака да коментира.