Со уставните измени да се смени и амандманот 5 од Уставот и формулацијата „јазикот кој го зборуваат 20 проценти од граѓаните“ да се смени со „албански јазик“. Ова е темата на која ќе се разговара, доколку партиите на Албанците ја прифатат поканата на Беса за средба.
Ова е барање и на Алијанса на Албанците и Алтернатива, кои пак, бараат процентот да се избрише и на ниво на општините.За ДУИ, сега не е момент за нешто такво, промената треба да се случи во нормален политички процес.
В.д. Претседателот на Алијанса за Албанците Арбен Таравари на новинарско прашање кога партијата ќе го објави сетот мерки кои ќе бидат услов неговата партија да гласа за уставните измени, одговори дека тоа ќе бие наскоро, но, ништо како што рече не е итно.