ДУИ не треба само декларативно да го осудува нападот на М-НАВ туку итно да го исклучи Беќим Незири и од партијата, реагира Движењето Беса.
„Итно да побарате разрешување од која било функција во М-НАВ!
ДУИ не треба да продолжи да игра дволична улога туку да дејствува. А не како досега: прво дистанцирај се од Рамиз Мерко, а после гушкај го на партиски настани, дистанцирај се од Беќим Незири, а после работи да го спасиш од правдата, дистанцирај се од Дрин Ахмети, а после награди го со „Соравија”!
Не е потребно само декларатива дистанца, туку потребно е акција!“ – се вели во реакцијата на Беса.