Оваа 2018-та година ќе се памети како година на амнестија на криминалот, прикриени коруптивни работи – афери, екстремната политизација на судството и трансформирање на Собранието како институција која го спречува владењето на правото, рече Биљал Касами, претседател на политичката партија Беса.
На денешната седница на Централното собрание, како што е соопштено од партијата, се донесе заклучок во врска со позицијата на движењето Беса за уставните промени, а кои се во собраниска процедура.
– Централното собрание го овласти Централното претседателство, кои се во согласност со програмата на движењето Беса да донесат потребна одлука што ќе се одрази преку гласање во Собранието на Република Македонија преку двајца пратеници од Движењето Беса. Што се однесува за 2018 година која ја напуштаме, дозволете ми да дадам неколку кратки точки за нашата проценка. Движењето Беса во текот на оваа година 2018, откако помина во период на предизвици на политичка зрелост, прерасна во една од главните протагонисти во важните процеси со кои се соочува Р. Македонија. За жал, во политички аспект, може да се заклучи дека Македонија не го надмина кризниот период особено од фактот дека правниот систем и државата се трансформирале во “пазарна економија” за да се реализира политичката агенда, и за жал Македонија ја одалечува и подалеку од Европски вредности и принципи. 2018 година ќе се памети како година на амнестија на криминалот, прикриени коруптивни работи – афери, екстремната политизација на судството и трансформирање на Собранието како институција која го спречува владењето на правото, се вели во соопштението од Кабинетот на партијата на Касами.
Во економски аспект, се додава натаму, Македонија не само што немала прогрес и економски раст, напротив има стагнација и влошување.
– Отежнати услови на стопанисување, недостаток на перспектива, наметна голем очај во населението и како резултат на сето ова младите се почесто се одлучуваат да најдат засолниште во развиените европски земји за да се изгради својата иднина далеку од татковината. Се надеваме дека, како што ја оставаме зад себе 2018 година, заедно со тоа се надеваме дека зад себе ги оставаме горчливите настани што се случија во оваа година. Се надевам дека новата година ќе биде нова надеж за граѓаните на Р. Македонија, во која правдата ќе биде достапна за сите, политиката ќе биде во служба на правдата, а не во служба на криминалот. Се надеваме дека наредната година ќе биде година на целосна еднаквост меѓу сите граѓани на Р. Македонија и со тоа да се заокружи интеграцијата на земјата во НАТО и почетокот на преговорите за членство во ЕУ, се вели во соопштението.