Судската власт и понатаму е заробена од владејачките политички партии СДСМ-ДУИ. Листата на идни судии и обвинители што ја објави Академијата за судии и јавни обвинители јасно сведочи за визијата и политичката мисија на ДУИ.
Цело време зборуваат за реформи во правосудството, ветингот и независното судство кои никако да се спроведат, а единствена грижа им е удобноста на членовите на нивните семејства на важни позиции во правосудните органи. Ништо не е случајно, како што не е случајно што во анкетите на релевантните меѓународни институции довербата на граѓаните во судската власт е само 3%. Според извештаите на Европската комисија, Северна Македонија сериозно потфрлила со реформата во правосудството, и сето тоа затоа што високите функционери на ДУИ и на СДСМ наместо сериозно да пристапат кон реформите во правосудството, тие продолжуваат да го задушуваат правосудниот систем, сместувајќи ги своите роднини во органите на правдата.
Факти и докази постојат, „сепак пред фактите дури и Бог молчи“. Синот на спикерот Талат Џафери, Барлет Џафери, кој сомнително и сè уште необјасниво од надлежните институции го положи правниот испит пред да дипломира, испит кој е предуслов за посетување на академијата за судии и јавни обвинители, денеска е на прагот да биде избран за јавен обвинител. Но, не само тоа, јавниот обвинител за гонење на организиран криминал и корупција, Ислам Абази, близок човек на владејачката партија, чиј избор беше критикуван од меѓународниот фактор, сега ја намести и сопругата во правосудните органи.
Додека соседните земји преземаат конкретни активности во насока на ветинг и реформи во правосудството, односно создаваат правна рамка за борба против корупцијата и
проверката во органите на правдата, функционерите на ДУИ не можат да направат ништо повеќе освен да ги сместат нивните роднини на важни позиции, за да можат да им го прикриваат нивниот криминал и корупција. Јавноста веќе ја има откриено целта и политичката визија на ДУИ, тие ја користат евроинтеграцијата за да ја сокријат својата неспособност да управуваат со државата.
Движењето БЕСА смета дека за да има реформи за правда, ветинг и независно судство, потребна е нова, некорумпирана влада, со способни луѓе, со морален и професионален интегритет и со визија да ја водат државата. Колку побрзо се одржат изборите, толку подобро ќе биде и за државата и за граѓаните.
Движење Беса