Возбудата ја исполни болничката соба, а кога го виде бебето во рацете на мајка си, девојчето не можеше да ги задржи солзите.
Моментот кога девојчето за прв пат ја виде својата сестра е бесценет.
Имено, шестгодишната Ади дошла во болницата каде нејзината мајка родила женско бебе. Таа влегла во собата да ја поздрави мајка си и да се запознае со нејзината сестра.
Болничката соба се исполни со возбуда кога го виде бебето во рацете на нејзината мајка, Ади не можеше да ги задржи солзите.
Мајка и нежно ја фати за дланката и почна да ја гали за да ја смири, па ја покани нејзината постара ќерка да седне до нив на креветот.