Кина ќе го одложи спроведувањето на проширениот режим на лиценцирање за извоз на ретки земји за една година и ќе продолжи да купува значителните количини соја од САД, изјави американскиот министер за финансии Скот Бесант, по дводневните трговски разговори со кинеската делагација во Куала Лумпур.
Претходно, кинеската страна објави дека е постигнат прелиминарен договор за трговскиот спор меѓу двете земји, но повеќе детали не беа соопштени.
Во интервју за телевизијата Cи Би Ес, Бесант најави дека новиот трговски договор треба да го објават претседателите на САД и на Кина, Доналд Трамп и Си Џинпинг на средбата во Јужна Кореја во четврток.
Американско – кинеските трговски разговори овој викенд во Малезија со цел решавање на меѓусебниот трговски спор, беа фокусирани на повеќе прашања, вклучувајќи ја кинеската контрола на извозот на ретки минерали и метали, како и американските царини за производите кои се увезуваат од Кина.




