Шефот на „Фајзер“ Алберт Бурла денеска изјави дека вакцината на компанијата против Ковид-19, која е меѓу најскапите на пазарот, не е поскапа од цената на храната и нема да се продава во сиромашните земји со профит.

Шефот на американската компанија ја бранеше цената на дозите за кои рече дека спасија животи и може да им помогнат на земјите да излезат од пандемијата.

– Вакцините се многу скапи, изјави Бурла во интервју за неколку медиуми. – Тие спасуваат животи, дозволуваат повторно отворање на економиите, но ние ги продаваме по цена на храна, рече тој во интервју за „Лес Еко“ во Франција, германски „Ханделсблат“, италијански „Кориере дела сера“ и „Ел Мундо“.

Развиена во соработка со германски Бионтек, вакцината на Фајзер, заедно со Модерна, е вакцината што најмногу ја чинеше Европската унија, според податоците објавени пред неколку месеци од член на белгиската Влада.

Бугарскиот премиер Бојко Борисов претходно оваа недела предупреди дека Брисел се соочува со огромен пораст на цените бидејќи преговара за скоро две милијарди дози на вакцината во следните години.

– Фајзер беше 12 евра, а потоа стана 15 евра. Договорите сега се потпишуваат … по цена од 19,50 евра, рече Борисов во неделата.

Цените се во целосна спротивност со вакцината на британско-шведскиот производител на лекови АстраЗенека, кој вети дека нема да оствари профит од својот производ за време на пандемијата и го продаде на ЕУ за помалку од две евра по доза.

Бурла не ја потврди цената на вакцината Фајзер, но призна дека се продава по повисока цена на развиените земји како што се ЕУ или САД.

– Во земјите со среден приход ја продаваме по половина цена, рече тој и додаде дека во посиромашните земји, меѓу кои е и Африка, вакцината се продава по пониска цена.