Една од водечките политичарки на АфД (Алтернатива за Германија) и претставничка на таа партија во Бундестагот, синоќа за време на јавен настап билa извалкана со измет од демонстрант во градот Даун.
Заменик-претседателката на партијата која се залага за планови против мигрантите и зелените политики, беше нападната во сала во западниот град Даун.
Политичарката за ДПА изјави дека маж и побарал фотографија, но наместо тоа тој ја намачкал со измет. „Беше навистина одвратно“, рече Фон Сторч.
Мажот брзо бил совладан од полицијата и против него е покрената истрага. Фон Сторч рече дека поднела тужба. Полицијата извести за мирни протести на околу стотина симпатизери на АфД во Даун.