Засега не се планирани промени во даноците. Но, дали стратегијата за реформа на даночниот систем која ја подготвува Министерството за финансии предвидува нови давачки, не е познато. Министерот вели, ако има такво нешто, јавноста навреме ќе дознае.
Нови давачки буџетот за 2022 не предвидува ниту за покривање на загубите од енергетската криза за која се обзбедени 130 милиони евра. Буџетот предвидува да продолжи и мерката за поврат на ДДВ за граѓаните, иако не се знае дали ќе има простор за да се зголеми сумата која ќе може да се добие назад.
Министерот за финансии и директорката на УЈП денеска информираа дека 2021 година завршила со натфрлање на сите даночни приходи. Лани биле собрани 17,89% повеќе пари од 2020. Најголемо е натфрлањето кај ДДВ од над 24%.