Пожарите ја пустошат Јужна Калифорнија, пламенот според тамошните власти голта по 5 фудбалски игралишта во една минута.
Сликите од напјогодените делови се страотни, а движењето низ познатиот град Санта Моника изгледа апокалиптично…
Голем дел од граѓаните избезумени и во паника пред огнот бегаат од своите домови, некои пак останаа да чекаат спас од противпожарните екипи.
Досега се евакуирани над 30.000 лица и тоа е само почеток, велат надлежните, ќе мора да се бега и од околните региони.. Евакуацијата се одвива тешко, сообраќајот е задушен, возилата се оставаат зад себе, а бегството од чадот и огнот се продолжува пеш и во солзи…
-Чадот стана навистина лош, почнав да ги пакувам нашите работи и влеговме во колата да си заминеме, а потоа сите автомобили беа напуштени, па немав на каде да се движам, па излегов од автомобилот и продолжив да пешачам, чадот беше навистина лош, навистина не знам на каде се движиме./Само ја оставив мојата кола таму. Рекоа мора да ја оставиш и ја оставив таму, бидејќи… голем пожар има таму(плач)
Напуштените возила се отстрануваат со багери за да се отвори патот за противпожарните екипи да се приближат до пожарите..
Најсилен сојузник на огнот е ветрот кој надминува брзина од 160км на час..
-Во моментов, пожарот е распространет на преку 1000 хектари и се проширува според извидувањето. Пожарот се подгрева со силните ветрови и околната топографија, што е навистина предизвикувачко за нашите службеници кои што работат на состојбата. – Кристин Краули – Шеф на противпожарна бригада на Лос Анџелес
Гувернерот на Лос Анџелес Гавин Њусом ја побара сета можна помош која може да пристигне, додека пак претседателот Џо Бајден вели дека е постојано во контакт со лицата на терен и дека е понудена федерална помош. Неговата администрациај вели ќе направи се што е потребно, а од граѓаните побара да останат силни и да ги слушаат насоките на надлежните.. Во моментов не се пријавени жртви од пожарите, додека пак десетици побарале медицинска помош.