Влезот за воведниот натпревар на македонската женска кошаркарска репрезентација против Данска во рамки на квалификациите за пласман на Европското првенство ќе биде бесплатен.
Дуелот е закажан за утре со почеток во 17 часот во СРЦ „Кале“ во Скопје.
-Ги повикуваме сите искрени љубители на кошарката, и фанови на нашата најдобра женска репрезентација да дојдат во „Кале“, и да им дадат поддршка на девојките во овој натпревар, за кој влезот ќе биде слободен, соопшти македонската кошаркарска Федерација (КФСМ).
Македонските кошаркарки се дел од квалификациската група Ф во која се и репрезентациите на Грција и Хрватска.




