Американскиот претседател Доналд Трамп и севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун не успеаја да постигнат договор на нивниот втор самит во Виетнам, но разговорите меѓу двете земји ќе продолжат и во иднина.
Прес-секретарот на Белата куќа, Сара Сандерс, изјави дека двајцата лидери разговарале за денуклеаризацијата на Корејскиот полуостров.
-Во овој момент не е постигнат договор, но нивните тимови се надеваат на средба во иднина, додаде таа.
Сандерс ги опиша средбите меѓу Трамп и Ким како „многу добри и конструктивни”.
Трамп и Ким го напуштија хотелот каде што преговараа на самитот многу порано од планираното.